Десетици сведоци, стотици снопови хартија, спорен мобилен телефон и безброј слики од скапоцена гардероба во процес од година и половина со крајна пресуда од 14 години затвор. 4 виновни и една обвиената на слобода. Во измамата предводел Боки 13, а останатите помагале.
Бојан Јовановски доби казна од 5 години дека мамел бизнимени и уште 5 години дека ги перел парите. Јасна Ерцеговиќ по 2 години за помагање за двете дела, бидејќи Боки 13 креирал реалнсот различна од постоечката и со интелегентни методи ги убедувал бизнимните од Битола и Струга дека ќе обебзди земјиште на кое ќе никнат домови за стари лица.
Во судската сала пресудата се дочека со воздишки но и со незадоволство и препирки.
- Б.Ј. „Вие сте најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресуда е доказ.“
- Судијка: „Ве молам мир во судницата !“
- Б.Ј „Но, Господ казнува не ти ! “
Молчешкум си замина обвинетата помошничка на Јовановски до тој еприод, Христина Блажевска која доби само 1 година затвор. Иако помина со условна казна за две дела, помагаше во перење пари и псоедување пиштол, таткото Јовановски со остра критика кон судиите и обвинителите.
Единствена насмевка во судницата беше онаа на поранешната потпретседателка на парламентот Фросина Ременски која доби слобода. Му помагала на Боки 13, но судот не успеал да гу утврди дејствијата на влијание. Таа е задоволна, но обвинителката не.
Ова се нови 9 години затвор за Јовановски откако ја подели вината во „Рекет“’ со специјалната обвинителка Катица Јанева. Таму, според обвинението зел од бизнисменот Орце Камчев 1, 5 милиони евра врски за наводна обвинителска интервенција, а во „Меѓународен сојуз“, Јовановски, ги искористил документите од посочената невладина и довел и одржувал во заблуда две оштетени лица. Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција, и тоа 719 905 евра, односно 233 821 евра.
Павле Беловски
