Овој нагласено непријателски чекор е продолжување на курсот што властите во Северна Македонија го преземаа пред неколку недели кон брзо уривање на билатералните односи со Русија. Со приклучувањето кон русофобичната хистерија што ја започна Западот, Скопје ја потврди својата подготвеност непромислено да го жртвува суверенитетот и да носи одлуки кои се спротивни на јавното расположение и се во спротивност со основните национални интереси. Ќе бидеме принудени да преземеме соодветни мерки, реагираат од руското министерство за надворешни работи.
Руско МНР: Ќе бидеме принудени да преземеме соодветни мерки
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
