Повеќе од половина од ректорите на државните универзитети во Македонија се на функција повеќе од 2 мандати, а дел од останатите ја извршуваат функцијата околу 10 години, велат од Форумот за образовни промени. Според извршниот директор Ходаи, такви примери има на Тетовскиот, на универзитетите во Битола и Штип, на УКИМ и др. Проблемот е што ректорите на тие универзитети со години управуваат со високо- образовните институции без јасни визии и развојни стратегии, за што со години сведочи нискиот рејтинг, мерен од меѓународните институции како Шангајската листа, Вебометрикс и Университи Ренкинг.
Не дека тие не може да седат 6 години заради тоа што според Законот за високо образование тие имаат право да седат во таа позиција два мандати , а вкупно еден мандат е 3 години, но проблемот е дека не може да бидеш ректор 6 години , а да не постигнеш ништо, а институцијата што ја водиш е деградирана секоја година, изјави Бленди Ходаи- извршен директор на Форум за образовни промени.
Поставувањето на функцијата и долгогодишниот монопол на универзитетите, ректорите го обезбедуваат преку врски со различни политички експоненти на кои им служат , наместо да се бираат транспарентно и да им бидат на услуга на студентите. Од Форумот бараат формирање на тело кое ќе влијае на демонополизацијата на државните универзитети.
Бараме создавање на независен одбор кој ќе го мери успехот на државните универзитети во нашата држава. Целта е да се демонополизира високото образование преку спречување реизбори на ректори кои се покажале како неспособни за квалитетно вршење на нивната функција, рече Ходаи.
Оваа невладина организација заедно со уште 6 потпиша декларација за нивно вклучување во решавањето на проблемот со монополизацијата на државните универзитети.
Сотир Трајков
