Вести Македонија Топ вести

Застарувал предмети, пролонгирал постапки. Функцијата на скопски обвинител времено е во мирување

Дисциплинска постапка е отворена за скопски обвинител кој не ги работел предметите кои му биле доверени.

Државниот обвинител Љубомир Јовески одлучил дека истиот обвинител привремено ќе мирува се додека не заврши постапката против него.

Со вонреден надзор кој го извшри Вишото обвинителство е констатирано дека јавниот обвинител во значителен дел од предметите кои му се доделени во работа не ги презел неопходните дејствија согласно Законот за кривична постапка и не донел никаква одлука.

Во еден дел од предметите настанало пролонгирање на постапката или застареност на кривичното гонење, се вели во соопштението од обвинителството. Отворени се и други четири постапки против обвинители од внатрешноста.

За тетовски обвинител е донесено решение за оддалечување од функцијата, на обвинител од  Битола му е скусена платат за 20% во траење од четири месеци, во Ресен му е намалена плата на обвинител за 30 проценти, четири месеци, додека една постапка против јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид е во тек.

Од почетокот на примената на новиот Правилник за начинот на спроведување на постапката за утврдување одговорност на јавен обвинител од мај лани ова е петта поведена дисциплинска постапка за јавен обвинител.

Пред Советот на јавните обвинители уште тројца јавни обвинители се жалат на дисциплински одлуки изречени по стариот Закон за јавно обвинителство и претходно важечкиот Правилник.

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе