Вести Македонија Топ вести

Една третина од работничките во текстилниот сектор имаат потврдена дијагноза, а останатите се во ризик

Свиткани, на само 30 сантиметри од машина за шиење, или пак осум часа стојат во едно место, прашина и хемиски супстанци од текстилниот материјал, вака текстилните работнички го опишале своето секојдневно работење во студијата Безбедност и здравје при работка во македоснката текстилна индустрија. Текстилната работничка, Снежана Костадинова вели дека таа и нејзините колешки од работата на машина заработиле неколку болести.

Првото професионално истражување од Гласен Текстилец и тим на експерти покажа дека една третина од работничките во овој сектор имаат потврдена дијагноза или состојба, а останатите работници се во ризик. Универзитетскиот професор од Медицинскиот факултет – Скопје, Елисавета Стикова вели истражувањата покажуваат дека на работниците во овој сектор најмногу им страда видот, поради природата на работата.

Милан Петковски од Здружението за здравје при работа на текстилните работнички забележа дека во овој сектор не само што им се газат работничките права туку и правото за безбедни работни места. Според него  текстилството  може да издржи уште десетина години. Со возраста на работниците и условите во кои работат нема да привлечат млад кадар.

Студијата  „Безбедност и здравје при работа во македонската текстилна индустрија“ ја направи  „Гласен текстилец“  преку анкета, а предмет на истражување беа и 6. 000 резултати од систематски прегледи на текстилни работници.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе