Вести Македонија Топ вести

На дневен ред на Собранието предлогот за една изборна единица

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да ја одржи 39-та седница на чиј дневен ред е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик.

Со предложените измени се бара пратениците на Собранието да се избираат со пропорционален модел без изборен праг, при што државата би била една изборна единица, со што според предлагачите, ќе им се овозможи на помалите политички партии „да го остварат своето право на претставување“.

ПОВЕЌЕ: ИЈЗ: Минатата недела раст на бројот на новозаболени од Ковид-19 за 0,9 отсто

Покрај ова, со поднесениот Предлог-закон се предвидува на етничките заедници кои се застапени со помалку од 20 проценти од населението да им се гарантира пратеничко место, доколку „освоиле најмалку ист број на гласови со бројот на гласови потребни за пратеничко место“.

Пратеникот Павле Трајанов смета дека процесот на усогласување траел долго, речиси една година, и очекува Предлог законот да помине на Комисијата, бидејќи текстот е целосно поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ даде начелна согласност. Сепак, тој не исклучува и блокада на предложените измени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе