Вести Македонија Топ вести

Владата нема да го стопира тендерот на АХВ од 8,4 милиони евра за изградба на нова зграда

Иако побара од буџетарите да штедат, Владата сепак нема да го стопира тендерот на Агенцијата за храна и ветеринарство  за изградба на новата зграда вреден 8,4 милиони евра. Велат тоа е капитален проект за кого постапката е почната во 2018 година, обезбедени се пари од буџетот и реализацијата ќе продолжи. „Телма“ објави дека директорот на Агенцијата, Никола Бабовски, потпис на договорот  ставил на 10 март, само пет денови пред владата да ги донесе одлуките со кои им нареди на буџетарите да штедат.

АХВ е една од ретките институции која не располага со сопствена административна зграда и со изградба на истата ќе се решат просторните проблеми на вработените и ќе се намалат трошоците кои агенцијата ги дава за закупнина. Реализацијатa на овој капитален проект е започнатa во 2018 година и во таа насока сакаме да истакнеме дека активностите за реализација ќе продолжат, одговорија од Владата.

Министерот за земјоделие Љупчо НИколовски вчера во Топ Тема ан Телма кажа дека мерките за штедење не се однесуваат за капитални проекти.

Мерките за штедење не се за капитални инвестиции како што знам.Ова е посебен орган и за тоа ќе ве информираат од Агенцијата или од Владата. Имаме многу сериозно теми и предизвици за кои е мобилизирано  целото министерство и ова е поважно од дали и на кој начин се трошат капиталните инвестивции. Инаку сум голем поборник поддржувач за реализација на капиталните инвестици, иајави Николовски.

Според  експертите пак  во услови на криза, кога се носат мерки за штедење, треба да се прецизира што е нужно и неопходно во моментов, а што може да почека. Апелираат дека секогаш треба рационално да се трошат буџетските пари.

Не знам каков е приоритетот за градење на таа зграда и дали доколку се одложи за некое време почетокот ќе претставува некаква загуба за агенцијата. На пример бевме сведоци кога започна здравствената криза со пандемијата и тогаш сите капитални трошоци се одложија. И ние тогаш требаше да се преселиме во друга зграда, меѓутоа се се одложи за понатаму. Треба да се одмери во моментов дали мора сега веднаш или може тој зафат да се одложи за понатаму, вели ивановска.

 И од АХВ вчера одговорија дека изградбата на административна зграда  е капитален проект  и вака трајно ќе се решел посторниот проблем за сместување на вработените и за намалување на трошоците кои сега се даваат за закупнина. Постапката била почната уште 2018 година. Парите  9,1 милион евра колку што била проценката дека ќе чини зградата, ги добиле уште во 2020 година. А тендерот го распишале на крајот на декември минината година.

Новата зграда на Агенцијата ќе биде лоцирана позади зградите на Џевахир во населбата Аеродром. Земјиштето од 2.655 квадрати било на министерството за одбрана, па е пренаменето и е дадено на трајно користење на АХВ. Тендерот го доби компанијата Бауер БГ која за 8,4 милиони евра  во рок од две години треба да ја изгради четирикатна административна зграда на Агенцијата со лабораториски простории.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Димитриевски: ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици

Дејан Дејан

Скопјани до Нова Година треба да го дочекаат и крајот на булеварот Борис Трајковски до Драчево, како и проектот клучка Момин Поток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе