Вести Македонија

Ивановска: Вработувањата се голем извор на корупција

Вработувањата се голем извор на корупција, затоа што тоа не се вработувања, тоа се ангажирање на личности преку агенции на авторски дела и привремено вработење, оценува претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Го работиме и случајот во владата што беа ангажирани на почетокот на годината, прашањето беше кои биле потребите на владата за да се склучат толку авторски договори, дали се изработени тие авторски дела и дали исплатата е извршена по завршеното дело. Која е потребата покрај толку вработени таму да се ангажираат уште 50-60 луѓе за авторски дела, најголем дел беа за пиар. При крај ни е и тој предмет, наскоро ќе излеземе со интересни наоди во тој дел, рече Ивановска.

Таа тврди дека ако се укина оваа пракса тоа треба да биде направено за сите институции и тука да се затвори тој трошок на средства.

Се соочуваме со еден парадокс, имаме превработена администрација, имаме еден куп вработени преку агенции за привремени вработувања без критериуми, без ништо, тоа се најчесто партиски луѓе ангажирани, имате вработени преку авторски агенции, а кога ќе треба некоја стручна работа да се заврши, немаме луѓе! Нема луѓе, нема кој стручно да заврши! Значи сето тоа е една парада, вели Ивановска.

Главниот проблем тука, според Филков, е тоа што тие се партиски луѓе и нетранспарентноста на нивниот избор. Вели дека според нивното истражување општините имаат околу 600 лица ангажирани на договор на дело а владата има околу 1.600.

Има потреба од такви ангажмани, како што рековте, меѓутоа повторно има многу механизми како да бидат избрани и да не се кријат. Значуи проблемот е во начинот на избор, утврдување на потребите и во транспарентноста на целиот процес. А дека има потреба, има потреба, вели Филков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе