Вести Свет

(ВИДЕО) Маж во САД претепа жена – ја удрил 125 пати

Маж во американската сојузна држава Њујорк минатата недела удрил 125 пати Азијка, а целиот напад бил снимен од надзорна камера. Полицијата вели дека се работи за злосторство од омраза.

Тамел Еско (42) ја следел 67-годишната жена во петокот, навредувајќи ја и тепајќи ја додека влегувала во зграда во Јонкерс, лоцирана северно од Њујорк.

Полицијата многу брзо по инцидентот го уапсила. Тој е обвинет за обид за убиство и напад, пишува NBC News.

На снимката од надзорната камера се гледа како Еско напаѓа жена додека таа се обидувала да отвори друга врата во фоајето. Тој и пришол одзади, ја удрил во главата, по што таа паднала на земја. Потоа продолжил да ја тепа, тепајќи ја вкупно 125 пати, газејќи ја со нога и плукајќи ја.

Полицијата соопшти дека неименуваната жена е стабилна и се опоравува во болница; се здобила со фрактура на коската на лицето и крварење во мозокот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: Имаме стабилно мнозинство

Дејан Дејан

Законот за сајбер безбедност наскоро низ владина процедура, во јуни во Собрание

Дејан Дејан

Билатералните прашања да останат билетерални, а не кочница на евроинтегративниот пат – порака на шефицата на австриската дипломатија од Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе