Во основни училишта во скопскaта населба Ѓорче Петров – парното греење се исклучувало околу 15 часот иако учениците се во училишната зграда и подоцна со оглед дека наставата се одвива во две смени, алармираат родители.
Откако родителите реагирале и до надлежните, им била испратена анкета да одговорат дали сакаат греење да има се додека децата се на настава а не само до 15 часот. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски вели дека е запознаен со проблемот и дека ќе ги земе предвид реакциите на родителите, но тврди дека не станувало збор за рестрикции туку такви биле протоколите.