ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка од сите политички партии Собранието да ја усвои Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Декларацијата ќе се достави и до Владата, Институтот за национална историја, МАНУ и Музејот на македонската борба. Се предлага да се организраат соодветни настани, проекти, да се промовира поштенска марка со која ќе се одбележи јубилејот, а во основните училишта учениците да се информираат за оваа личност од македонската историја.
Од СДСМ велат дека ќе ја разгледаат декларацијата но порачувдат дека доколку ВМРО-ДПМНЕ било загрижено за Гоце Делчев тогаш тоа требало да го вклучат во текстот на Резолуцијата за црвените линии која неодамна беше усвоена од парламентот.
Овде очигледно станува збор за обичен популизам, зависно од темата на денот ја креираат нивната политичка агенда. Како одговорна и државничка партија ќе ја разгледаме декларацијата и ќе се произјасниме, тврдат од сдсм.
Партиите на Албанците немаат став за Декларацијата со образложение дека сѐ уште не ја добиле и не се запознати со нејзината содржина.
Јулијана Пешевска
