Вести Македонија Најважни

Часовите по математика со месеци биле терор за шестодделенци во ООУ „Љубен Лапе“ – тие сега ја бојкотираат наставата по предметот

Три класа шестодделенци од вкупно четири во основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром наместо на час математика, ќе прават сè друго додека да поминат четириесетина минути.

Родителите одлучиле да се бојкотира часот со наставничката со која подолго време имаат мака.

Тврдат дека ги навредувала децата и им се обраќала со вулгарни зборови, ги терала да стојат цел час пред табла за да видат како ѝ е нејзе и редела слаби оценки на речиси сите во одделението – а, институционална реакција засега нема.

„Наставничката на децата им викала „сега ќе вежбаме тишина“, „нема да поставувате прашање“, именувани се децата со зборови како „глупав“, „невоспитан“, „јас нема да објаснувам вие самите треба да сфатите“, две третини од децата имаат единици по предметот и нема објаснување зошто. Родителка се обидела да разговара со нејзе и наставничката започнала да вика. Имаме проблем и истиот сите го констатираме, но нема реакција“ изјави Лазар Ѓуров, потпретседател на Советот на родители.

 

„Имаше дете на коешто не му беше добро, наставничката не му дозволи да отиде во тоалет и девојчето поврати на час, а таа само виде и си замина“ изјави Бисера Запрова, родител.

Формирана е Дисциплинска комисија за да се потврди и на хартија дали има потреба од казни и дисциплински мерки за наставничката по математика.

Маријана Панчевска оваа ситуација ја опиша како проблем на училиштето, а изјавата ја даде од позиција на директор на училиштето, за неколку минути потоа до градоначалникот на Општина Аеродром да ја достави својата оставка.

„Формирана е дисциплинска комисија којашто понатаму ќе ја оцени фактичката состојба којашто е во моментот, ќе определи дали има одговорност и нормално ќе каже кои дисциплински мерки да се преземат понатаму доколку е потребно“ изјави Маријана Панчевска, поранешна директорка на ООУ „Љубен Лапе“.

Градоначалникот Тимчо Муцунски вели дека уште денес ќе биде именуван вд директор на „Љубен Лапе“ и негова прва задача ќе биде да ја разреши состојбата.

Новиот директор сепак ќе мора да почека Дисциплинската комисија да си ја заврши работата, пред да ја тргне наставничката.

„Приоритет на новиот директор, покрај решавањето и на другите предизвици коишто ги има училиштето, најпрво е да стави крај на оваа состојба бидејќи и како родител имам разбирање за родителите. Многу е непријатно тоа што се случувало во училиштето и е апсолутно недозволиво според мене“ изјави Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром.

Веќе е побарано советник од Бирото за развој на образованието да дојде и да присуствува на часовите за да увиди каде лежи проблемот во работата на наставничката.

Во меѓувреме, консултирани се и инспектори од Државниот просветен инспекторат.

Проблемот со наставничката заведен е и „црно на бело“ во еден од записниците на Советот на родители на училиштето, од 28 декември минатата година.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

(живо)Нема контаминација на алуминиумските фолии во кои беа завиткаки еврата на апелациониот судија Ристов, тврди вештакот на МВР

Дејан Дејан

Судот го ослободи Никола Груевски за „Талир 2“ и го одби барањето на Обвинителството за конфискација на партискиот имот

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе