Вести Македонија

Ахмети и Курти разговарале за состојбата со пандемијата како и отстранувањето на превентивните мерки за влез и излез меѓу државите

Состојбата со пандемијата во двете држави, како и отстранувањето на превентивните мерки за влез и излез – биле една од темите на синоќешната средба на лидерот на ДУИ Али Ахмети, придружуван од сите министри од оваа партија во македонската влада со косовскиот премиер премиерот Албин Курти, кој бил придружуван исто така од дел од министрите во неговата влада.

Во соопштението испратено од ДУИ пишува дека се разговарало и за патот Тетово – Призрен, автопатот Приштина – Скопје, заедничкото гранично управување, заедничкиот туристички центар во Попова Шапка и Брезовица, политичката ситуација во регионот, дијалогот меѓу Скопје – Софија и Белград –  Приштина.

„Двајцата соговорници разговараа и за поврзувањето на нашите два автопати Приштина – Блаце – Скопје, проект со многу приоритети за двете страни и кој се очекува наскоро да биде завршен. Ахмети и Курти договорија и интензивни чекори во однос на заедничкото управување со границата и заедничкото претставување на туристичките капацитети меѓу Попова Шапка и Брезовица“ – пишува во партиското соопштение од ДУИ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Непочитување на препораките во Гостивар носи ризик од појава на Хепатит А, предупредува доктор Кочински од ИЈЗ

Sasko Dimovski

Документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој им даде глас на преживеаните од Кочани, со светска премиера на сараевскиот фестивал

Sonja Petrusevska

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе