33 годишна битолчанка утрово почина на Инфективното одделение во Клиничката болнициа во Битола, само неколку часа откако синоќа е хоспитализирана со симптоми на коронавирусот. Таа немала тест за потврден ковид -19. Се јавила на преглед поради отежнато дишење и кашлица. Сепак состојбата и се влоши во текот на ноќта по што утринава младата жена почина.
– И покрај преземенате реанимација кај пациентката настапила смрт. Поради тоа, телото е предадено на судск- медицинска обдукција за да се утврди причината за смртта на пациентката. Во медицинската документација не се евидентирани коморбидитети. Освен дека пациентката била обезна, а исто така не била вакцинирана против КОВИД 19 изјави за Телма, Билјана Гагачовска, директор на Клинилак болница Битола
Инаку ова 411 жртва на коронавирусот во Битола, а бројките на позитивни секојдневно драматично растат. За само една недела има околу 1000 новозаболени. Засега најмногу притисок има во амбулантите на КОВИД центарот, но растат и бројките на хоспитализирани.
-Во текот на 24 часа има од 120 до 170 прегледи, а вкупно се хоспитализирани 66 пациенти, од кои 26 се лежечки, а 40 се во дневна болница хоспитализирани, вели Гагачовска.
Од почетокот на пандемијата, во изминатите 2 години во земјава од ковид почнаа 8100 лица, повеќето над 60 годишна возраст, но вирусот беше смртоносен и за голем број млади луѓе, како и за неколку новороденчиња. Последна жртва меѓу најмладите е бебе на 6 месечна возраст, кое во почина на Клиниките во Скопје на почетокто од јануари.
Емилија Мисирлиевска