Со 80.430 случаи во Германија, регистрирана е највисока бројка на заболени од коронавирус од почетокот на пандемијата.
Претходниот рекорд беше соборен со 76 илјади на 26 ноември.
Вкупниот број на заразени во Германија е 7 милиони 661 илјади 811. Бројот на починати се зголеми за 384 и достигна 114 илјади 735.
Според најновите бројки од Институтот за заразни болести Роберт Кох, најмалку 75 отсто од населението има примено една доза вакцина против Ковид-19.
Стапката на инциденца на седум дена, кој е важен критериум при одлучувањето за политиката на коронавирус, постојано расте од почетокот на годината, достигнувајќи 407,5 случаи на 100 илјади луѓе, во споредба со 387,9 претходниот ден.