Белата куќа објави дека американскиот претседател Џо Бајден планира да се кандидира за реизбор на претседателските избори во 2024 година.
Заменик портпаролот на Белата куќа Карин Жан-Пјер се осврна на зборовите на американскиот потпретседател Камала Харис во интервју за Вол Стрит, „Никогаш не разговаравме за прашањето за кандидатурата со Бајден“.
На новинарско прашање дали Бајден размислува за кандидатурата, укажувајќи на зборовите на Харис, Жан-Пјер рече: „Не можам да ви кажам за што разговараа Харис и Бајден, но сè што можам да кажам во моментов е дека Бајден планира да се кандидира повторно на изборите во 2024 година“.
Жан-Пјер додаде дека Бајден би можел повторно да ја избере Камала Харис за потпретседател на САД.