Вести Свет Топ вести

Четири месеци условна затворска казна за мажот кој на интернет објави недолични коментари за несреќата на автобусот на „Беса Транс“

Окружниот суд во Софија денеска го осуди 34-годишниот С.Б. на 4 месеци условна затворска казна, која ќе биде ефективна доколку стори друго кривично дело во рок од три години, поради објавени недолични коментари за несреќата на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија.

Против лицето беше покренато обвинение за „ширење омраза“. Според обвинението, С.Б. на 23 ноември 2021 година околу 11 часот во група на социјална мрежа објавил содржина со која ширел омраза на „основа на национална и етничка припадност кон македонскиот етнос“.

Тој кон објавената содржина прикачил и фотографија од опожарениот автобус на „Беса Транс“ на автопатот „Струма“.

Обвинетиот пред Судот го признал делото за кое се товари, по што е постигнат договор да му биде изречена условната казна. Согласно постигнатиот договор, казната е ефективна и обвинетиот нема право на жалба.

Несреќата на автобусот на „Беса Транс“, што патуваше на релација Истанбул – Скопје, се случи на 23 ноември во раните утрински часови на автопатот „Струма“ во Бугарија, при што загинаа 45 лица, од кои 12 деца, а седум беа повредени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе