Македонија

Села: Ротирачки премиер е пораз за ДУИ

Ротирачки премиер е пораз за Интегративците. Вака лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ги коментира шпекулациите дека, СДСМ и ДУИ договориле влада во која, една година од мандатот, премиер би бил Албанец. Вели дека, доколку не го исполнат предизборното ветување, Албанец да биде четири години на чело на владата, ДУИ треба да си заминат во опозиција и да им отстапат место на нив, да се обидат да формираат влада.

На прашањето, со кого повеќе контактира деновиве околу формирањето на идната влада, дали со Зоран Заев или со Христијан Мицкоски, Села одговори дека единствен контакт кој го имал со политичари деновиве е оној со Собранието околу конститутивната седница.

Весникот на албански јазик, „Коха“, вчера објави текст во кој пишува дека е постигнат договор за формирање влада меѓу ДУИ и коалицијата СДСМ-Беса, плус ДПА. Наводно, договорено било, премиер на ротација, 3+1, со тоа што ДУИ би добиле премиер во време од една година од четиригодишниот мандат.

Но, веста беше веднаш демантирана и од двете партии. Артан Груби на фејсбук напиша дека ДУИ е транспарентна партија и во сите процеси ги вклучува и граѓаните.

„Гладна кокошка, просо сонува“, напиша и потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на фејсбук. ВМРО ДПМНе не сакаат да коментираат шпекулации, ниту, пак, откриваат до каде се со нивните преговори.

Додека партиите се препукуваат, Собранието се подготвува за конститутивната седница во вторник напладне. Во зградата ќе се влегува исклучиво со маска. Веднаш на влезот ќе се дезинфицираат рацете, а дистанцата е задолжителна и по ходниците. Движењето ќе биде исклучиво во придружба на обезбедувањето.

Новите пратеници ќе седат на дистанца, за секого се обезбедени слушалки, а гласањето ќе биде со подигање на картонче. Новинарите ќе ја следат седницата од прес центарот а бифеата ќе бидат затворени.

Дознаваме дека, седницата сепак ќе ја води досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој се чувствува подобро и до тогаш ќе излезе од болница. Тој деновиве беше хоспитализиран на Инфективната клиника со бронхо-пневмонија, но сите тестови му се негативни на Ковид-19.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе