Вести Македонија Топ вести

Што ќе се гради на местото на вчерашниот пожар?

Во вчерашниот пожар изгореа бараките каде порано беше сместен судот за прекршоци, во близина на градскиот парк во Скопје.

Изгоре документација, која била оставена во бараките, а зафатен е и дел од хотел кој се наоѓа во близина. Нема поврдени, предизвикана е материјална штета.

Од противпожарната бригада рекоа дека имале проблеми со уличните хидранти, поради што морало да се носи вода со цистерни на комунална хигиена.

Градоначалникот Шилегов вчера ги демантираше обвинувањата на социјалните мрежи и на опозицијата дека на местот ќе се гради стамбен објект. Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, за Телма денеска рече дека во сегашниот детален урбанистички план не е предвидено да се гради на таа парцелата, кој е под општина Центар.

Според него, таму нема да се гради стамбен објект, туку е предвидено во новиот ДУП да влезе изградба на училиште или градинка.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе