Вести Свет

Ослободен суданскиот премиер Хамдок и неговата сопруга

Суданскиот премиер Абдала Хамдок и неговата сопруга синоќа беа ослободени и тие пристигнаа во својот дом, еден ден откако беа приведени кога војската ја презеде власта со државен удар.

Ослободувањето на премиерот Хамдок и неговата сопруга следува по меѓународната осуда на пучот и повиците до војската да ги ослободи сите владини претставници кои беа приведени кога генералот Абдел-Фатах Бурхан ја презеде власта.

Во соопштението од канцеларијата на Хамдок се вели дека други владини функционери останале во притвор, а нивната локација е непозната.

Претходно генералот Бурхан изјави дека го уапсил премиерот поради неговата лична безбедност и најверојатно ќе го ослободи наскоро, но предупреди дека другите членови на соборената влада би можеле да се соочат со судење поради уличните протести што избија по пучот.

Доцна синоќа американскиот државен секретар Антони Блинкен разговараше со суданскиот премиер, поздравувајќи го неговото ослободување од притвор и повторно ги повика суданските вооружени сили да ги ослободат сите приведени лидери.

Мило ми е што разговарав со суданскиот премиер Хамдок по неговото ослободување за борбата на суданскиот народ за демократија и потребата да се врати на цивилното раководство, напиша на Твитер американскиот државен секретар.

Западните земји вчера го критикуваа воениот удар и повикаа на ослободување на затворените министри и се заканија дека ќе ја прекинат хуманитарната помош доколку војската не се врати на договорот за поделба на власта со цивилната администрација.

Десетици илјади лица во понеделникот излегоа на улиците на Картум за да се спротивстават на воениот удар, а седум лица загинаа во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со 69 гласови „за“ избрани новите министри

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе