Вести Македонија Топ вести

БЕСА: Тетовчани се уморни од Теута

Јавен договор за поддршка БЕСА нема ниту со СДСМ, ни со Алијанса за Албанците и Алтернатива, но ги очекуваат нивните гласови за Тетово.  Министерот Аријанит Хоџа смета дека онаму каде што се натпреваруваат две партии од владејачкото мнозинство, трет партнер не може да држи страна. Владата, според него, е стабилна, но граѓаните од Тетово и Желино се желни за промена на градоначалничката структура во градот под Шара.

Хоџа негира дека на средбата со кандидатот за градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари се пазареле за взаемна поддршка. Тврди дека само ги анализирале изборните резултати, затоа што никој ги нема гласовите на гласачите во џеб.Првиот круг, вели, покажа дека и покрај коалициите, гласачите се интелигентни и гласаат за квалитет и добри програми.

Од Алтернатива вчера изјавија дека немаат намера да влезат во владата и со тоа да го спречат нејзиниот пад. Но, премиерот сепак синоќа во телевизиска емисија повторно  анализираше дека алтернативците се потценети во коалицијата со Алијанса за Албанците околу распределбата на одговорните со кандидати и советници.

Претседателите на Алијанса за Албанците и ВМРО ДПМНЕ на вчерашната средба ја реафирмираа соработката за вториот круг. Потоа Села одвоено се сретнал и со коалицискиот партнер, Африм Гаши од Алтернатива, а Мицкоски и Гаши се слушнале телефонски.

На состанокот на Централно претседателство синоќа во Тетово, добил поддршка да ги продолжи преговорите со другите партии и пратеници на помалите партии, за кои вели дека покажале спремност да бидат дел од евентуалното ново парламентарно мнозинство.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе