Вести Македонија Топ вести

Продолжува скринингот за ковид во средните училишта

Продолжува скринингот за Ковид-19 во средните училишта во земјата. Резултатите вчера покажаа дека шеесет и осумте тестирани ученици од средното училише „Зеф Љуш Марку“ во Скопје се негативни на Ковид-19, а скрининг се спроведуваше и во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Освен во овие две училишта, скрининг на учениците ќе се спроведе во уште седум средни училишта во Скопје.

Вчера беа тестирани и 258 други средношколци. Низ државата тестирањето продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Од Центарот за јавно здравје чии медицински лица ги земаат примероците од брис, велат дека станува збор за брзи скрининг тестови кои се слични како и тие што се земаат брисеви и за коронавирусот, но и за други бактериолошки заболување во носот и грлото.

Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути.

Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на Ковид-19 меѓу учениците. Со податоците ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе