Вести Свет

Трамп отвора своја социјална мрежа – „Truth Social“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп формираше своја социјална мрежа „Truth Social“.

Тој објави за платформата откако беше забранет од Твитер, Фејсбук и Јутјуб во јануари, обвинувајќи го дека ги поттикнал своите поддржувачи на агресија преку неговите профили пред нападот на Капитол.

Платформата почнува со работа во ноември, како бета веризија – односно од идната година целосно функционална, јавија американски медиуми.

Поранешниот претседател сака да се „спротивстави на тиранијата на технолошките гиганти“ кои „ја искористија својата еднострана сила за да ги замолчат гласовите на несогласување во Америка“.

Платформата ќе биде во сопственост на новоформираната Trump Media & Technology (TMTG), структура што ќе обезбедува и видео услуги.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе