Вести Свет

10 загинати и 35 ранети цивили во напад во Идлиб од режимот на Асад

Во напад на режимот Башар Асад врз пазар во областа Ариха, во северозападната сириска провинција Идлиб, загинаа 10 цивили, а други 35 беа ранети.

Нападот на силите на режимот и милицијата поддржана од Иран доаѓа во време кога продолжуваат напорите за изготвување нов устав за земјата зафатена од војна.

Во регионот во Идлиб живеат речиси 3 милиони луѓе, од кои две третини се раселени во други делови на земјата.

Речиси 75% од вкупното население во регионот Идлиб, под контрола на опозицијата, зависи од хуманитарната помош за да ги задоволи нивните основни потреби, бидејќи 1,6 милиони луѓе продолжуваат да живеат во кампови или неформални населби, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.

Со години режимот на Асад ги игнорираше потребите и безбедноста на сирискиот народ, гледајќи само на дополнителни придобивки од територијата и уништувајќи ја опозицијата. Со оваа цел, режимот со години бомбардираше цивилни објекти како што се училишта, болници и станбени области, предизвикувајќи раселување на речиси половина од населението во земјата.

Според ОН, ситуацијата за луѓето во Идлиб се влоши кога режимот на Асад, поддржан од Русија, започна офанзива врз провинцијата, предизвикувајќи најголемо еднократно раселување во историјата на сириската граѓанска војна и огромна хуманитарна трагедија.

Честите бомбардирања ги оставија во функција речиси 50% од здравствените установи, во време кога на сирискиот народ им се најпотребени во услови на пандемија на коронавирус. Многумина живеат во преполни шаторски кампови или на отворено во безбедни области во близина на турската граница, а најголем дел од нив се борат да ги задоволат дури и основните потреби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран – Трамп најави блокада на иранскиот сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе