Вести Свет

Канадските пратеници задолжително ќе се вакцинираат

Канадските пратеници ќе мора да се вакцинираат против коронавирус за да работат во Долниот дом од крајот на ноември, изјави спикерот Ентони Рота.

Правилото стапува во сила во понеделник на 22 ноември 2021 година. Луѓето мора да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19 за да им биде дозволен влез во Долниот дом, рече тој.

Новото барање ќе се однесува не само за членовите на Долниот дом и нивниот персонал, туку и за канцелариските работници, новинарите и консултантите. Директивата доаѓа околу еден месец по изборната кампања, во која задолжителните вакцини беа предмет на жестоки дискусии.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој минатата недела соопшти дека неговиот кабинет ќе биде претставен на 26 октомври и оти Парламентот повторно ќе се состане на 22 ноември, даде поддршка за задолжителната вакцинација на либералите. Други политички партии го следеа повикот на Трудо, со исклучок на лидерот на Конзервативната партија.

Рота додава дека луѓето кои не можат да примат вакцина поради медицински причини, ќе можат да направат брзи тестови за Ковид-19. Покрај тоа, канадскиот Парламент останува затворен за посетители, а условот за носење маска е продолжен до јануари 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран – Трамп најави блокада на иранскиот сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе