За 29 октомври, според грчките медиуми, е договорена посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Атина, што ќе биде и проштално патување во Грција.
Засега, нема официјална потврда за посета, а минатата седмица, грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори, пишуваше дека на Самитот во Словенија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал тет-а-тет средба со Меркел и ѝ упатил покана, која германската канцеларка ја прифатила.
Весникот пишуваше дека посетата има и симболичен карактер бидејќи „мандатот на Меркел, на некој начин „беше во чекор“ со грчката криза, бидејќи соработуваше со Караманлис, Папандреу, Пападимос, Пикраменос, Самарас и Ципрас, кои еден по друг ја напуштија власта“.
