МВР соопшти дека активистот на Левица од Прилеп е повикан во полиција поради инцидентот на 11 Октомври на Могилата на непобедените. Тогаш Иван Јованоски на премиерот Заев кој положуваше цвеќе му кажа „Се по…вте на борците“ и „Славете во Бугарија“, а Заев му врати „Да си посетите психијатар“. Дискусијата на одбележувањето на Денот на востанието против фашизмот ја заврши Јованоски кој му порача на Заев заедно да одат на психијатар.
Полицијата смета дека станува збор за прекршок со омаловажување на државен орган односно на службено лице на државен орган и Јованоски денеска бил повикан даде исказ.
-Во Полициска станица – Прилеп денеска е повикан И.Ј. (32) од Прилеп, врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир. Тој е повикан поради омаловажување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата, соопшти МВР.
Јованоски вчера вечер беше присутен на предизборниот настан на Левица во Домот на АРМ во Скопје. На 11-ти октомври, 11 припадници и активисти на Левица го зазедоа просторот на прилепската Могила на непобедените пред местото за положување на венци во чест на партизаните.
Поради тоа, државните делегации предводени од претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев поминуваа не како што беше планирано во церемонијата туку ги заобиколуваа наредените левичари,