Вести Македонија Најважни

Оставките на Филипче и Хасани не се прифатени

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција соопшти дека не ги прифатил оставките на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани, поради пожарот во тетовската ковид болница каде загинаа 14 лица. Министерот Филипче и заменикот Хасани, два дена по пожарот му понудија оставка на премиерот.

„Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај министерот Филипче и заменик министерот за здравство Хасани“, изјави Заев.

Заев во неколку наврати претходно изјави дека ќе почека да заврши истрагата за да донесе одлука дали ќе ја прифати оставката на Филипче.

Ваквата одлука доаѓа откако Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека причината за пожарот бил прегреан кабел на дефибрилатор.

Од ЈОРСМ истовремено посочија дека вештачењето утврдило и дека прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжените кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе