Македонија

Ниту настава, ниту гласање на избори – Лисичани сè уште чекаат да се догради училиштето во населбата

Неколку пробиени рокови и сè уште недовршена училишна зграда имаат жителите на Лисиче во своето соседство, додека чекаат нивните деца да се вратат во училишните клупи. Немаат ниту место каде да гласаат во својата населба, па ќе одат во најблиското населено место, за да си го остварат гласачкото право.

Скелиња, материјали, гласна бучава од машините на мајсторите. Вака е во дворот на основното училиште „Димитар Македонски“, во населбата Лисиче. Училиштето е втор дом на 560 ученици. Но, во населбата е познато и како место каде што жителите со години наназад одат за да гласаат на секакви избори.

Порано на ова место беа училишните бараки донирани од Франција за постземјотресно Скопје. Тука учениците следеа настава, но и жителите на Лисиче гласаа на избори.

Сега веќе бараките се целосно урнати и учениците следат настава онлајн. Повозрасните, пак, после долги ќе одат на друг место за да си го остварат гласачкото право, во ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, потврдуваат и од Државната изборна комисија.

Ова училиште е познато на јавноста и како едно од оние чијашто изградба трае подолго време и никако да се заврши. Како инвеститор се јавува Министерството за образование и наука, а крајните рокови подолго време се пролонгираа поради различни причини.

  • Министерство за образование и наука: „По активирањето на банкарската гаранција на првичниот изведувач кој не ги испочитува договорните обврски за изведба на објектот на ОУ „Димитар Македонски“, со добиена согласност од Владата, МОН спроведе нова постапка и направи избор на најповолен понудувач за довршување на градежните работи, со кој е склучен договор на 24.3.2020 година во вредност од 57,8 милиони денари.“

Најновите предвидувања се дека учениците ќе се вратат во училишните клупи наскоро.

Новиот објект ќе биде со вкупна површина од 2.840 квадратни метри и со капацитет за 700 ученици, односно по 350 во една смена. Со тоа и од менаџментот на училиштето се надеваат дека ќе можат да си ги вратат првачињата во своето училиште, затоа што тие сега следат настава во „Ѓорѓи Пулевски“ во населбата Аеродром, додека се чека крајот на градежните работи.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со наполнети 18 години, кацига и без второ лице, вака од денеска смее да се вози тротинет

Kristina Kuzmanovski

Рокас се надева на скоро решение за и Македонија да го фати чекорот на проширувањето

Tea Dimkovska

Костадиновски: Имаме сериозно примитивна политичка култура

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе