Македонија

„Еколог“ донираше десет амбулантни возила во Македонија

Десет амбулантни возила, комплетирани со медицинска опрема и апарати, се донираат во Здравствените домови во Македонија. Оваа донација има за цел да го зајакне болничкиот капацитет и да го зголеми квалитетот на услугите во секторот за итни случаи, особено сега кога сме во период на пандемија, кога потребите на населението за итна медицинска помош значително се зголемија.

Мило ми е што ја даваме оваа донација во овој временски период кога брзата реакција е многу значајна, особено сега кога сeуште сме во војна со вирусот Ковид-19. Се надевам дека со овие десет амбулантни возила ќе обезбедиме помош за болниците, така што итните служби ќе бидат што е можно поефикасни наспроти барањата на населението и пациентите на кои им е толку потребна брзата помош, изјави сопственикот на компанијата Лазим Дестани.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Иванка Стојановски и раководителите на Здравствените домови од Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга беа присутни на свеченоста за предавање на амбулантните возила. Болниците кои ќе ја користат оваа донација беа утврдени според прелиминарните консултации со властите на Министерството за здравство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе