Свет Топ вести

Неколку полицајци се повредени и стотици уапсени на протестите во Австралија

Неколку полицајци се повредени, а стотици демонстранти беа уапсени денеска во вториот по големина град во Австралија, Мелбурн, при жестоките судири за време на протестите против воведените ограничувања.

Полицијата употреби бибер спреј и уапси повеќе од 200 лица во Мелбурн, откако неколку стотини граѓани ги прекршиле наредбите да останат дома и минаа низ кварт во центарот на градот.

Нелегалниот собир се одржа во момент кога градот минува низ својата шеста блокада од почетокот на пандемијата на Ковид-19. Полицијата соопшти дека шестмина полицајци биле пренесени во болница по судирите со околу 700 демонстранти.

– Она што го видовме денеска беше група демонстранти кои се собрале не за да протестираат против слободите, туку едноставно да се борат и тепаат со полицијата, изјави за медиумите командантот на полицијата во државата Викторија, Марк Галиот.

Полицијата се обиде да го намали пристапот до центарот на градот, блокирајќи ги патиштата и сопирајќи го јавниот превоз со цел да избегне повторување на насилните сцени од митингот минатиот месец, кога се собраа илјадници луѓе.

Огромен број полицајци успеаја да спречат сличен собир во Сиднеј, бидејќи паркот каде што требаше да се одржи беше преполн со униформирани полицајци.

Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека уапсила околу 20 лица во градот, главно во мрежата за јавен превоз, додека неколку други биле уапсени за време на помалите собири во државата.

Двата града се наоѓаат под продолжени блокади, а власта се обидува преку вакцинација на населението да се овозможи олабавување на рестриктивните мерки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Распишана меѓународна потерница по Александар Лазаров, кој избега преку прозорец од кочанската Полициска станица

Kristina Kuzmanovski

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денари – горивата со нови цени од полноќ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе