Ковид19 Македонија Топ вести

Почина двегодишно дете на Детска хирурхија, со долга историја на болести

Универзитетската клиника за Детска хирургија во Скопје, до Центарот за социјални грижи и до СВР Скопје пријави случај за две годишно дете, со долга историја на болести, кое од страна на згрижувачко семејство во тешка состојба било донесено на Клиниката, каде и покрај напорите на лекарите да го спасат, починало.

Станува збор за дете кое имало неколку тешки заболувања, пред една година врз малиот пациент биле направени повеќе операции, тоа имало тумор на мозок, хидроцефулус, вродена непроодност на цревата за што се направени повеќе хируршки интервенции. Детето имало и проблеми со срцевиот ритам, застој во растот, проблеми со дишењето.

Како што информираат од Министерство за здравство пред пет дена детето 15 минути пред полноќ изгладнето и дехидрирано било донесено на Клиниката за детска хирургија. Од згрижувачкото семејство на лекарите и медицинскиот персонал не им биле дадени никакви информации за здравствената состојба на детето.

Немало температура но било малаксано, дехидрирано и слабо реагирало на дразби. Поради критичната состојба, лекарите веднаш пристапиле кон интензивно лекување. Лабораториските анализи покажале анемија и влошени параметри како последица на болестите кои ги имало. И покрај сета дадена терапија, состојбата на детето се влошувала.

Поради ковид протоколите, на малиот пациент му бил направен ковид тест и истиот бил позитивен.

Министерството за здравство информира дека во денешната статистика на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено две годишното дете кое почина на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се допреле со ретровизорите, па го чекале во грмушки и пукале кон него – двајца браќа во Шишево осомничени за обид за убиство

Дејан Дејан

Екс директор на Национални шуми продавал дрвна маса по цени пониски од важечкиот ценовник

Дејан Дејан

„Бизнис објектив“: Од мал погон до голем извозник – успешна приказна на македонска фабрика

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе