Македонија Најважни

8 пациенти скокаат од прозорец во пожар кој за 3 минути ја проголта модуларната болница

Протече видеото од безбедносните камери на модуларната болница во Тетово. Во траорни 3 минути со стравична брзина се шири пожарот а болницата е опколена со оган и чад. На почетокот од снимката огнот воопшто не е видлив но можат да забелжат двајца медицински работници како интервенираат со количка и од една од страничните врати изнесуваат жена во инвалидска количка. По, само неколку секунди чадот се пробива низ вратата, а во претпоследната соба се гледааат силуети на луѓе кои го кршат прозорецот.

На помош притрчуваат вработени во медицинска облека, но и граѓани кои се нашле во непсоредна близина. Во следните триесетина секунди почнува трка со времето да се спаси човечки живот. Огнот ги приклештува, дури 8- ммина пациенти успеваат молскавично да скокнат од прозорецот и да избегаат на сигурно.

Секунда подоцна огнот се распламтува, ја зафаќа и последната просторија и избива зад петиците на последниот пациент кој ја напушта просторијата.

На видеото можат да се забележат молскавици од електриката кои следат и

Огнот ја проголта болницата. Ги снемува светилките и никој повеќе не се доближува на објектот.

Автомобилот кој се стопи во пожарот е паркиран до самиот влез.  Видеото е дел од обемните докази кои ги прибира обвинителството се во насока на прашањата кои ги отворија експертите и јавноста.

Зошто монтажниот објект изгоре за неколку минути, струјата не е изгасната. Кои луѓе во тој момент биле внатре се само дел од прашањата на кои одговор треба да даде обвинителството по стравичниот пожар во кои изгоре модуларната болница во Тетово и настрадаа 14 пациенти лекувајќи се од Ковид – 19.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за платите

Sasko Dimovski

(Видео) Ново врсничко насилство, девојче од Куманово притиснато во ќош, удирано со шлаканици и клоци

Kristina Kuzmanovski

Разрешени осум министри во владата – Мицкоски пред пратениците: Од првиот ден реков дека ова нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе