Вести Македонија Топ вести

Д-р Нуредини: Ги испитуваме вработените, не смеело да има надворешни лица во ковид центарот

Координаторот на ковид центарот во Тетово д-р Гзим Нуредини денеска информира дека дванаесетмината спасени пациенти од модуларната ковид болница се во добра здравствена состојба. Нуредини информира дека денеска се распрашуваат вработените дали имале свои роднини кои биле пациенти во модуларната болница и дали им биле во посета во работно време или надвор од работното време. Рече дека посетата на ковид пациети е строго забранета и дека доколку имало надворешни лица во ковид центарот за тоа надлежните ќе понесат одговорност.

 

-Целата ситуација со пожарот траеше од 3 до 5 минути, имаше вработени, но и роднини или луѓе кои случајно тогаш се затекнаа таму и сите помагаа. Пламенот за 3 минути го зафати целиот простор. Лицата кои починаа имаа изгореници од прв степен и ги пративме на судска медицина за да може да се изврши нивна индентификација. Посетите се казниви. Испративме известувања до раководители на одделенија дека не се дозволува посета. Има и вработени кои се роднини на пациенти, бараме кои биле, ако се тие, дали се вработени во ковид центарот, дали биле во работно време на посета или потоа. Дали биле членови на семејства на пациентите или биле други лица, оти сите кои се затекнаа во близина во време на пожарот трчаа да помогнат-вели Нуредини.

Нуредини потврди дека на објектот имало видеонадзор, односно дека имало надзорни камери кои биле поставени странично, како и од предната страна.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе