Македонија Топ вести

Малку одговори и повеќе нови прашања по прес-конференцијата на Филипче     

По првата прес конференција на официјален претставник на македонската влада, министерот за здравство, Венко Филипче, многу малку одговори за трагедијата која се случи во тетовскиот ковид центар а се отворија и повеќе нови прашања и дилеми.

Здравствените власти претходно соопштија дека во ковид центарот биле сместени 26 пациенти, во пожарот животот го загубиле 14 лица а 12 се сместени сега на болничко лекување. Истовремено, преку социјалните мрежи се прошири информација дека меѓу жртвите во страотниот пожар животот го загубила и млада девојка која била во болницата со својата мајка и не сакала да ја остави додека се ширел пожарот. Доколку ова е точно, официјалните податоци за бројот на загинати и преживеани пациенти од ковид центарот во пожарот, математички се невозможни.

Филипче на денешната прес конференција само информираше дека во болницата покрај здравствениот персонал и луѓето кои се лекувале од Ковид, престојувале и најмалку уште две други лица, блиски роднини на пациентите, но не можеше да потврди дали некое од нив го загубило животот.

За сите дилеми и неодговорени прашања, министерот замоли да се почекаат резултатите од истрагата која е во тек а таков беше и неговиот одговор на прашањето дали размислува да поднесе оставка на функцијата. Тој изјави дека за него е тешко со зборови да ја опише болката која ја чувствува за смртта на пациентите во пожарот во тетовскиот ковид центар и додаде:

Министерот Филипче соопшти и дека починатите во пожарот биле на возраст од 29 до 79 години, додавајќи дека 12-те евакуирани пациентите се безбедни и во стабилна состојба во тетовската болница, без повреди од пожарот. Нема ниту повредени здравствени работници.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: СДСМ да се изјасни за една изборна единица

Sasko Dimovski

Почина актерот Сем Нил, звезда на филмот „Јура парк“

Sasko Dimovski

САД за првпат употребија морски дронови, Иран ги гаѓаше американските бази во Бахреин и Кувајт – Пакистан повикува на итна деескалација

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе