Лична карта, потпис и оставање на днк материјал. Најблиските роднини на загинатите во модуларната болница во Тетово се одзваа на повикот на инстутут за судска медицина да помогнат во процесот на идентификација на телата Доаѓаа и си заминуваа со солзи во очите соочени со фактот дека нивните најблиски од лекување во болница завршија на обдукција.
Роднините тагата не ја споделија со медиумите и јавноста, но реагираа зад камерите дека се изненадени и револтирани од сознаниете дека нивнтие најблиски починале во пожар во болница. Телата од поажрот во Модуларна – Тетово пристигнаа час по полноќ, со 5 возила на брза помош но наместо на обудкција возачите покгрешија и завршија пред ургентниот центар. Оттогаш лекарите во судска медицина се обидуваат да ги завршат обдукциите и да ги идентификуваат телата на жртвите, со ДНК анализа. Овој тип на проверка на проверка на идентитот трае подолго, но со оглед дека повредите на пациентите се сериозни родините ќе мораат да се почекаат ден подолго за да ги погребаат, а обвинителството да го добие извештајот за точнатап ричина за смртта на 14 – жртви на пожарот.
Павле Беловски
