Подрумски простории или училница. Родители реагираа, инспектори упаднаа во основото училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром. Затекнале столчиња и маси, но не и ученици. Казна ќе нема е заклучокот на министерката за образование Мила Царовска.
Просториите останаа подалеку од објективите на медиумите. Но, испекторите втор ден се во училиштето и проверуваат неправилности. Освен пандемиските протоколи, министерството уште лани донело нормативи со кои се утврдува каде може да се држи настава, а во кои не.
Простории нема и заради тоа нема ниту целодневна настава. Родителите бурно се спортивставија и петицијата влице им ја испорачаа на градоначалникот на општина Бутел и министерката Царовска.
На третиот ден настава со присуство испливаа и децениските проблеми, но пандемијата ги демне и најмладите. Според, Царовска засега нема опасност и заразата се држи вон училиштата.
Царовска се осврна и на планот за реформа на основното образование кој започна да се имплементира од оваа учебна година, со воведување на нови наставни програми и учебници за прво и четврто одделение, истакнувајќи дека веќе има позитивни реакции од наставниот кадар, констатација на која сѐ уште бурно реагираат родители на социјалните мрежи, а одржаа и неколку протести против реформите и дигитализацијата на учебниците.
Павле Беловски
