Ковид19 Најважни

3 члена на едно семејство починале од Ковид-19 во својот дом во Тетово

36-годишна ќерка и нејзините родители од Тетово починале по компликации од ковид 19 во период од една недела.

Тројцата починале во домашни услови и не биле хоспитализирани во болница. Доктор Миранда Пајазити од тетовскиот Ковид центар вели дека сите имале коморбидитети.

Доктор Пајазати вели дека има повеќе случаи на неколкумина заразени во исто семејство, а дополнителен проблем е што дел од пациентите не се јавуваат навреме на лекар, така што развиваат тешка клиничка слика.

Лекарите постојано упатуваат апели до граѓаните да бидат одговорни, што подразбира вакцинација и  почитување на мерките, а доколку добијат позитивен тест на ковид 19 веднаш да се изолираат.

Инаку во последните 24 часа во Клиничката болница во Тетово починаа 2 пациенти на возраст од 40 и 60 години. 14 лица биле примени, а 10-мина испишани, така што хоспитализирани се вкупно 108 пациенти, од кои 106 на кислородна поддршка, а двајца на респиратор.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бела пена се влева од Лепенец во Вардар, со дрон се бараат виновниците

Kristina Kuzmanovski

Кај заболените во Гостивар изолирани бактерии и вируси, но вистинскиот причинител за стомачните тегоби нема да се дознае – велат од КЗБ

Дејан Дејан

Водата во Крушево е забранета за пиење, перење и за миење садови – може да се користи само како техничка, велат од ИЈЗ

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе