Во последните 24 часа во Македонија од Ковид 19 починале 26 лица а регистрирани се нови 906 позитивни на вирусот, соопшти предмалку министерството за здравство.
8 починати се жители на Скопје, 6 на Тетово, додека тројца се од Струга. По две нови жртви има во Гостивар и Кичево, додека по еден починат има и од Прилеп, Охрид, Дебар, Виница и Кратово.
Најмногу новозаразени има во главниот град – 423, а потоа следуваат Тетово со 68 и Куманово со 60.
Во овој момент во државата има вкупно 14 785 активни случаи.
