Вести Македонија

Почнаа и уписите на факултетите, наставата ќе биде комбинирана

Со почитување на здравствените протоколи 172 кандидата кои се борат за 90 места чекаа да го слушнат своето име и да го полагаат приемниот испит на Архитектонскиот факултет, кој е единствен од техничките науки во кој се ште се полага приемен испит. За идните студенти приемниот беше можност за нови пријателства и да ги споделат своите ставови за начинот на кој би се одвивала наставата.

На вонредната ректорската управа на УКИМ која се одржа минатата недела се донесе заклучок наставата и испитите да се одвиваат со хибриден модел, комбинација на физичко присуство во склоп на протоколите и онлајн настава. Различни дисциплини, различни специфики. Сепак процентот на вакцинирани е одлучувачки за настава со физичко присуство дури и за наредниот летниот семестар.

За тоа да може да се случи неопходно е да имаме висок степен на вакцинирање не само на вработените  кој што во овој момент е постигнат на најголем број факултети, туку и на студентите. Направена е една анкета во која беше просекот околу 40% од студентите на УКИМ се вакцинирани, односно се вакцинирале во изминатиов период, но за да можеме да функционираме нормално и да ја организираме наставата во безбедни услови, неопходно е тоа да биде во повисок процент, вели проф. д-р Огнен Марина, декан на Архитектонски факултет Скопје

Во меѓувреме во тек се приемните испити на Факултетот за ликовни уметности, на Факултетот за драмски уметности и на Факултетот за музичка уметност. За одредени матични предмети се потребни секојдневни вежби и тогаш присуството се подразбира со почитување на мерките, вели професорот Мазневски.

Па тоа се воглавно задолжителните предмети, матични. Сликарство вајарство, графика со графички техники, сликарство со сликарски техники, вајарство со вајарски техники. Тоа се практични предмети кои навистина бараат лабораториски вежби, смета проф. д-р Антони Мазневски, продекан за настава на ФЛУ.

На другите факултети при УКИМ уписите се следните два дена, слободни се 10 678 места.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе