Свет Топ тема

Која е Исламската држава во Хорасан, групата која ги изврши нападите во Кабул?

Исламската држава на провинцијата Хорасан, е оригиналното има не терористичката организација која вчера ги изврши двата напади во Кабул. Како што сугерира и самото име, групата е огранок на екстремистичката организација Исламската држава, и како таква таа е активна на териториите на Авганистан и Пакистан.

Позната под кратенката ИД-К, западните разузнавачи предупредуваат дека оваа милитантна група е најектремна од сите џихадистички групи кои се активни во Авганистан.

Таа е основана во јануари 2015 година, во периодот кога Исламската држава беше во својот зенит, освојувајќи големи делови и Ирак и Сирија. Групата прогласи и исламски калифат, пред да биде таргетирана и речиси уништена од меѓународна коалиција предводена од САД.

ИД-К своите редови ги пополнува со борци од авганистанските и пакистанските џихадисти, и особено од разочарани талибанци, кои сметаат дека нивната организација не е доволно екстремна во своите исламистички ставови.

За колку екстремна организација станува збор кажува фактот што ИД-К ја презема одговорноста или пак ѝ се препишуваат најгрозоморните злосторства во Авганистан. Групата отворено се фали дека редовно напаѓаат училишта за девојчиња, болници па дури и гинеколошко одделение во една болница во земјата, каде наводно застрелале бремени жени и медицински сестри.

За разлика од талибанците, чии интереси се строго ограничени на Авганистан, ИД-К е дел од глобалната мрежа на Исламската држава кој изведува напади во западните земји и редовно таргетираат меѓународни и хуманитарни цели, секаде каде што ќе ги најдат.

ИД-К е базирана во источната авганистанска провинција Нагархар, во близина на криумчарските рути на дрога и луѓе од и во Пакистан. На врвот на својата моќ групата броеше 3.000 членови, но изминатава година претрпе сериозни загуби во судирите со американските и авганистанските безбедносни сили, но и со талибанците, со кои се во отворен конфликт.

Oд друга страна пак, ИД-К отворено соработува со друг афилијат на талибанците, а тоа е т.н Хакани мрежа, и според западните разузнавачки агенции, најголемиот дел од терористичките напади во Авганистан во периодот меѓу 2019 и 2021 година, се извршени од ИД-К во соработка со Хакани мрежата, но и други периферни ектремистички групи базирани во Пакистан.

И покрај периферната поврзаност меѓу талибанците и ИД-К, двете групи имаат длабоки несогласувања. ИД-К ги обвинува талибанците дека го предале џихадот и го напуштиле бојното поле за да постигнат мировен договор, „усогласен во раскошни хотели во Доха.“

Интересно е што справувањето со безбедносната закана, која неминовно ја претставува ИД-К во Авганистан, ќе може да биде првата точка на соработка меѓу западните земји и талибанците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гласање за обемниот буџет на Трамп – демократите во обид да го сменат или блокираат законот за даноци со амандмани

Дејан Дејан

Венс: Ерата на американска доминација во светот е завршена

Дејан Дејан

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе