Избори 2020 Македонија Топ вести

Инцидент во Тетово, сомнежи за поткуп, агитирање, евиденција на гласачи, фотографирање

Вработен во МВР нападнал колега на крстосница во Тетово. Инцидетот го забележале и снимале граѓани од кафетерија во близина и на снимката се гледа дека интервенирала и полицијата. Детали што се случило и кои се причините и дали еп оврзано со изборите од МВР не откриваат, само потврдуваат дека попладнево имало настан кој ќе треба да го расчистува и внатршената контрола.

Денеска (15 јули) во 15 часот и 55 минути пријавен е инцидент на улица „120“ во близина со крстосницата со улицата „Борис Кидрич“ во Тетово. Информиран е одделот за внатрешна контрола и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Од МВР информираат  и за други пријави во текот на денот поврзани соизборите. Во полиција било пријавено дека во Шутка претпладнево  граѓанин со возило ги носел соседите на избирачкото место и ги убедувал за кого да гласаат. Во Кочани пак имало повеќе пријави, една е за агитација на избирачки места, друга за евиденција на гласачи а трета за делење пари. Фотографирање на избирачи е пријавено во Ранковце а во Крива Паланка агитирање. Вакво прекршување на изборниот ден е регистрирано и во Прилеп и во Ново Село. Во Битола пак има пријава за нудење пари за гласање.

Оценката и на обивнителстото е дека изборите минуваат генерално во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности.

По слични пријави постапува и обвинителството, односно Комисија за следење на нерегуларности поврзани со  кривични дела против изборите и гласањето.

Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected] на која граѓаните можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето, пристигнаа вкупно 10 известувања за настани случени денеска, во тек на гласањето. Поголемиот дел од нив се однесуваат на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии. Две од известувањата се однесуваат на лица кои го сликале сопственото гласачко ливче при остварување на правото на глас, соопштуваат од комисијата.

Од обивнителството известуваат и дека Основач на граѓанска организација испрати известување за наводни изборни нерегуларности кои се вршеле преку агитирање на социјалните мрежи.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши: Папа Франциск ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог

Дејан Дејан

АХВ спровела 617 контроли, уништени 1.740 килограми небезбедна храна

Дејан Дејан

На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе