Претседателот на Демократската партија на Турците (ДПТ), Зулфикар Зејнула е избран за министер без ресор во владата. За него гласаа 67 пратеници на денешната собраниска седница, а 13 беа против. Инаку, ДПТ неодамна потпиша коалициски договор со ВМРО-ДПМНЕ.
Зејнула во периодот од 2021 до 2024 година бил заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), од 2018 до 2021 советник во Општина Гостивар.
Зејнула е дипломиран криминалист, со завршено високо образование на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола. Поседува сертификати за англиски јазик и компјутерски вештини, а покрај мајчиниот турски јазик, говори македонски, албански, германски и српски јазик.
Со изборот на Зулфикар Зејнула за нов министер без ресор се заокружи реконструкцијата на Владата во рамките на која на 13 јули беа избрани осум нови осум министри.
Фото: facebook/z.zeynula
