АД ЕСМ објави повик со кој бара компанија која би изработила физибилити студија за изградба на комбинирана гасна централа за производство на топлинска и електрична енергија и проширување на мрежата за греење во Битола.
Од компанјата соооштуваат дека парите за студијата ќе бидат обезбеди од грант од Светска банка и дека процесот на евалуацијата ќе се спроведува согласно правилата на банката.
Според, информациите во документите на повикот проценетата вредност на студијата е 1, 6 милиони американски долари. Очекувањата се дека договорот со компанијата која ќе ја изработува оваа студија ќе биде потпишан во декември годинава, а декември 2027 е рокот во кој консултантот треба да ја изготви физибилити студијата.
По, повеќе од 30 години, во 2023 се најави дека Битола повторно ќе добие парно греење.
