Вести Свет Топ вести

(Видео) „Спајдермен“ му помогна на немоќно лице да премине улица

Маж облечен во костим на „Спајдермен“ стана хит на социјалните мрежи, откако му помогна на лице во инвалидска количка безбедно да мине прометна улица во Џонсборо, во американската сојузна држава Арканзас. Настанот бил снимен од сообраќајна камера и објавен од локалната полиција.

На снимката се гледа како лицето во инвалидска количка има потешкотии да ја премине улицата, по што „Спајдермен“ излегува од возило во близина и го придружува до другата страна на коловозот.

Според локалните медиуми, човекот кој го носел костимот не сакал да го открие својот идентитет… Неговиот гест беше поздравен од јавноста како пример за хуманост и несебична помош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Иран е значително ослабен, но и натаму е сериозен противник

Sasko Dimovski

Голем шумски пожар во Франција – eвакуирани над 20.000 луѓе

Sasko Dimovski

САД воведоа нови царини за 60 трговски партнери

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе