Пожарот кој е над селото Копаница во Општина Сарај го гаснат два авиони „ер трактор“ и две теренски возила „пинцгауер“, кои обезбедуваат воздушна и копнена поддршка во справувањето со огнената стихија.
Во гаснењето на пожарот се вклучени и екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита.
Екипите продолжуваат со интензивни активности за локализирање и ставање под контрола на пожарот, со цел да се спречи неговото понатамошно ширење.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
