Силното невреме што го зафати Штип предизвика значителна материјална штета, меѓу кои и на Клиничката болница.
Поради оштетување на дел од покривот, од Одделението за ортопедија вчера беа префрлени 15 до 20 пациенти на други одделенија. Штети беа предизвикани и на други објекти во градот. Градоначалникот на Штип за Телма вели дека најголема штета е регистрирана во Клиничката болница Штип, но матерјална штета има и во градинка и во едно училиште.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
