Вести Македонија Топ вести

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Ден по невремето што го погоди Скопје, паднати дрвја, искршени огради, урнисани дворови и откорнати фасади и натаму се на улиците по силната бура со која се соочи главниот град.

Во општина Карпош речиси нема двор, паркинг или детско игралиште без паднато дрво. Општина Карпош соопшти дека пријавувањето на штета може да се изврши на бројот 071-322-790, каде жителите треба да ја наведат точната локација и кратко да го опишат проблемот.

Во ОУ „Вера Циривири-Трена“ во скопската населба Карпош, откорнати се неколку големи дрвја, што паднале врз оградата и врз детските реквизите поставени во училишниот двор.

Слична е сликата и во повеќе населби во Градот, каде огромни дрва се искорнати и паднати

Од Општината велат дека се расчистуваат последиците – и вклучени се тимот на јавна хигиена во  Општината, членовите на кризниот штаб, единицата за заштита и спасување, вработените во општинската администрација, месните и урбаните заедници.

Град Скопје објави телефонски броеви на кои можат да се пријавуваат штети од невремето –  112, 072-314-929, 072-314-909 и 02/3297-204.

За пријавување паднати дрвја на територија на Гази Баба достапен е бројот 075 320 178.

За пријавување на штета во Центар достапни се броевите 075 219 068 и 076 350 767.

Во Кисела Вода двата броја за пријавување штети се 072 250 719, а во Бутел 078-517-344.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе