Вести Македонија Топ вести

Поплавени „Вила Водно“, скопскиот Аеродром и министерства, оштетени 117 патнички моторни возила и 35 покриви

Во Скопје  оштетени се повеќе објекти државни објекти как меѓу кои објектите на  Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција , комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство, велат утрово од ЦУК.

Од МВР пак информираат дека најголеми последици од невремето се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22 часот вчера се евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 10 повредени лица, стои во соопштението од министерството.

На подрачјето на СВР Куманово се пријавени девет оштетени возила и три оштетени кровови, додека на подрачјето на СВР Тетово се евидентирани пет настани – три оштетувања на патнички моторни возила и две оштетувања на кровови. Во Гостивар нема пријавени оштетувања ниту повредени лица.

Во СВР Велес се пријавени две оштетувања на патнички моторни возила предизвикани од паднати дрвја, а на подрачјето на СВР Штип се регистрирани 14 оштетувања на патнички возила и шест оштетувања на кровни конструкции.

На подрачјето на СВР Струмица пријавени се паднати електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како и прекин на снабдувањето со електрична енергија во селото Свидовица.

МВР соопшти дека на подрачјето на СВР Битола не се регистрирани значителни последици, освен краткотраен силен ветер на подрачјето на Полициската станица Македонски Брод, без пријавени материјални штети или паднати дрвја.

Во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Север, најзначајни последици се регистрирани на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, каде поради протекување на кровот бил предизвикан прекин на работењето на излезот од државата во траење од околу еден и пол час.

Во Транзитниот центар Табановце се регистрирани оштетувања на дел од привремените објекти за сместување на мигранти, како и паднати дрвја, без предизвикана материјална штета.

Од МВР информираат дека полициските службеници продолжуваат со активностите за расчистување на последиците од невремето и обезбедување на безбедноста на граѓаните

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе