Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Истрагата за Цвета Ристовска нема напредок, заедно со Димитровска и Столевски се во ДЗР

Предметот се работи. Ова е кусиот одговор на обвинителството за истрагата против поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Цвета Ристовска. Од обвинителството не откриваат детали освен дека предметот бил испратен до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, но вратен повторно во скопското бидејќи било оценето дека тоа е надлежно. Во меѓувреме свиркач до Телма достави иницијатива која ја испратил токму до организиран криминал за проширување на истрагата. Тврди дека обвинителството може да дојде до факти и докази за помагачи на Ристовска доколку го истражува целиот сектор за проверка на финансирање на политички партии. На денешната седница претседателот на антикорупциската комисија одговори дека нема сознанија дали истрагата е проширена но дека институцијата соработува со обвинителството. Два предмети кои ги отвори ДКСК за нејзината поранешна претседателка се уште се работат.

„Ваква информација како институција немаме, ние на сите барања од Обвинителството редовно доставуваме одговори по било кој предмет, а во однос на двата предмета на колешката Цвета Ристова ние редовно постапуваме бидејќи се преземаат одредени дјествија согласно Законот за прекршоци и целата таа постапка трае и очекуваме наскоро да бидат прземени соодветни одлуки“, изјави  Адем Чучуљ – Претседател на ДКСК.

Ристовска си поднесе оставка од Антикорупциската комисија откако Телма објави дека фирма на еден од синовите на Ристовска добивала пари во кампања за претседателските избори во 2024 година. По 35 илајди евра од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, а симптоматично беше што токму за рекламирање и финансирање на кампањи проверка прави и ДКСК. Фирмата Буст на нејзиниот син добила пари од СДМС и во 2021 година, во време кога таа беше помошник ревизор. Таа како и сега веќе првостепено осудената нејзина претходничка Татјана Димитровска се вратија во ревизија. Неделава заедно со уште еден ревизор Миле Столевски ја слушнаа условната пресуда. Сите сега се во Државниот завод за ревизија институција која исто така меѓу се бори против корупцијата во институциите.

Инаку Димитровска е осудена за оддавање на службена тајна и комјутерски фалсификат како и Столевски, додека за Ристовска има само кривична пријава и предистрага на иницијатива на опозициската Левица која ја пријави и дека не ги пријавила фирмите на нејзините двајца синови во анкетен лист. Неа во ДКСК, ја наследи Катерина Зајковска која доаѓа од секторот за проверка на финансирање на политички партии и кампањи во антикорупциска и за која при изборот беше потенцирано дека и била блиска на Ристовска. Таа негираше било каква вмешаност во постапките на поранешната претседателка. На денешната седница не реферираше предмети, а претседателот на комисијата најви дека ќе и бидат доделени веќе за следната седница.

Билјана Николова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставниот судија Гоце Наумовски му пишал само на Гаши за оставката

Tea Dimkovska

Осум членки на ЕУ се потпишаа на нов нон-пејпер за проширувањето

Tea Dimkovska

Ахмети пак не успеа да гласа, одложено гласањето на Закон за правична застапеност

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе